„Сакам да го видам Иран како се обновува на мирен начин, наместо повторно да слушаме ‘Смрт за Америка’ и ‘Смрт за Израел’“, рече Трамп пред вечерата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Тој додаде дека е закажан нов круг преговори со Иран и изрази надеж дека нема повторно да мора да наредува воени напади врз таа земја.
Во однос на војната во Газа, Трамп рече дека Хамас сака прекин на огнот и дека бара состанок.
Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, изјави дека гледа шанса за мировен договор за Газа, а дека преговорите со Иран може да продолжат веќе следната недела.
Што се однесува до Украина, Трамп рече дека Русија ја напаѓа многу жестоко и дека Киев има право на самоодбрана.
- Ќе им испратиме главно одбранбено оружје, изјави американскиот претседател.