Трамп испрати писмо до Османи - САД благодарни што Косово ќе прими 50 мигранти

6.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп испрати писмо до Османи - САД благодарни што Косово ќе прими 50 мигранти

Во писмото, Трамп истакнува дека овој потег покажува „силна подготвеност за соработка со Соединетите држави“, нагласувајќи дека „ваквото лидерство ја отсликува силата и човечноста на народот на Косово“.

„САД и Косово делат длабока поврзаност, заснована врз заемна почит, демократски вредности и заедничка визија за мирна и просперитетна иднина“, стои меѓудругото во писмото на Трамп, откако косово неодамна се согласи да прими 50 лица депортирани од САД, како дел од поширока програма за соработка во областа на миграцијата и безбедноста.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата