Трагедија во Германија: Татко седнал во БМВ и си го прегазил бебето на паркинг

29.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трагедија во Германија: Татко седнал во БМВ и си го прегазил бебето на паркинг

Несреќата се случила кога таткото влегол во БМВ и, додека паркирал, го прегазил седиштето во кое било бебето, објави Билд.

Таткото мислел дека бебето веќе е во автомобилот, но, во брзање, очигледно заборавил да го стави седиштето со бебето во БМВ-то.

Екипа на брза помош брзо пристигнала на местото на настанот и безуспешно се обидела да го реанимира бебето. За жал, тие можеле само да ја потврдат смртта на детето.

Полицијата и обвинителството во гермаснкиот град Улм започнале истрага за овој несреќен инцидент.

Полицијата не ги открила деталите за несреќата во соопштението. Не е познато кој го оставил седиштето на паркингот зад автомобилот и кој пол е бебето, со цел да се заштити приватноста на семејството.

Во соопштението не е наведено дали таткото бил уапсен, ниту дали ќе биде обвинет за смртта на детето.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата