Тајфун во Јапонија: Доаѓаат ветрови со брзина од над 200 километри на час

6.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тајфун во Јапонија: Доаѓаат ветрови со брзина од над 200 километри на час

Властите ги повикаа жителите во областите да останат во состојба на висока готовност поради силни ветрови, кои би можеле да достигнат повеќе од 200 километри на час и обилни дождови во текот на следните неколку дена, објави „NHK“.

Јапонските метеоролози соопштија дека тајфунот Долфин се наоѓал 180 километри источно-североисточно од островот Минамидаито во префектурата Окинава.

Тајфунот се движи кон запад со брзина од 15 километри на час. Ветрови до околу 145 километри на час дуваат во близина на центарот на тајфунот, со максимални налети од околу 215 километри на час.

Ветрови од најмалку 90 километри на час дуваат во радиус од 220 километри од центарот на бурата. Се очекува максималната брзина на ветерот денес да достигне околу 125 километри на час во Окинава, 90 во Амами и околу 70 во јужен Кјушу. Налетите на ветерот веројатно ќе достигнат 180 километри на час во Окинава, околу 125 во Амами и околу 110 во јужен Кјушу.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата