- Воените планови на Коалицијата вклучуваат поддршка од воздух, море и копно – вклучително и евентуално распоредување трупи во Украина. Плановите се доволно развиени за да бидат ставени во функција веднаш, изјави Стармер.
Тој нагласи дека првиот приоритет е рускиот претседател Владимир Путин да седне на преговарачка маса и да се постигне „безусловен прекин на огнот“.
- Би било грешка да се чека прекинот на огнот за да започне планирањето. Командната структура веќе е поставена, рече британскиот премиер.
Стармер потенцираше дека санкциите можат да одиграат значајна улога во притисокот врз Русија, а крајната цел на коалицијата е да се обезбеди дека Москва нема повторно да го наруши евентуалното примирје.
- Нашата безбедност почнува во Украина, заклучи британскиот премиер.