Со голема воена парада Русија го одбележа Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва

9.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со голема воена парада Русија го одбележа Денот на победата на Црвениот плоштад во Москва

На парадата имаше 11.500 војници, односно 5.000 повеќе од лани, а Русија, како на главната московска улица, така и во воздух го демонстрираше својот воен арсенал, во кој на светот за прв пат му беа претставени некои од новите оружја.

Ги научивме лекциите од Втората светска војна, а искривување на фактите кои ги клеветат победниците нема да се дозволи, порача Путин пред илјадниците насобрани. Дополни дека рускиот народ ја поддржува офанзивата во Украина, односно, како што рече, режимот во Киев..

Русија била и ќе биде непробојна бариера за Нацизмот, Русофобијата и анти-семитизмот. Ќе продолжиме да се бориме против ѕврествата напраени од тие кои ги промовираат овие деструктивни идеи. Вистината и правдата се на наша страна.

На парадата присуствуваа 27 светски државници,а специјален третман“ и најдобар поглед врз она што се случуваше имаше кинескиот претседател Си Џинпинг, кој целата парада ја помина рамо до рамо со Путин.

Освен Си Џипинг, присуствуваа и претседателот на Венецуела – Мадуро, како и бразилскиот претседател Инасио Лула да Силва, а во Москва беа и бројни претседатели и премиери од Африка, како и од Азија. 

Од ЕУ беше единствено словачкиот премиер Фицо. Од останатите земји од Европа, освен Лукашенко беа и српскито претседател Вучиќ, како и претседателот на Р. Српска Додик.

За словачкиот премиер, пристигнаа остри пораки од шефицата на европската дипломатија Каја Калас, која кажа дека посетата на Русија, која ја напаѓа Украина, нема да помине без последици.

Порака му беше испратена и на Вучиќ, бидејќи е претставник на земја аспирант за членка на ЕУ, а ваквите потези, порачаа од ЕУ, се спротивни на тоа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата