Силно невреме ја погоди Шпанија: Улиците како реки, возилата заглавени во град (ВИДЕО)

9.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Силно невреме ја погоди Шпанија: Улиците како реки, возилата заглавени во град (ВИДЕО)

Градовите низ регионот беа погодени од ненадејни поројни дождови и град што го запре сообраќајот и ги принуди луѓето да бараат засолниште.

Драматични сцени на улиците

Драматичните снимки од невремето на социјалните медиуми покажуваат како градот и поројните дождови носат сè пред себе.

Улиците се претворија во потоци или реки, додека автомобилите останаа закопани под град, а тротоарите изгледаа како да се покриени со снег. Повеќето луѓе останаа во затворен простор, додека на патиштата останаа само закопани автомобили и купишта град.

Најпогодени места се Гвадасекиес, Каљес, Вилар дел Арзобиспо и л'Олерија, каде што слоевите град беа толку дебели што делумно ги покрија возилата. Во интервенцијата се вклучени околу 1.000 припадници на службите за итни случаи, кои ги отстрануваат штетите и ги чистат патиштата.

Регионот сè уште се опоравува од минатогодишната катастрофа

Валенсија, добро познат туристички регион каде што вообичаено се очекува топло време во ова време од годината, сè уште се справува со последиците од претходните временски екстреми - околу 2.000 луѓе сè уште се раселени поради бурите кон крајот на 2024 година.

Во октомври 2024 година, Валенсија беше погодена од разорна бура што предизвика катастрофални поплави и одзеде 228 животи. Станува збор за една од најсмртоносните природни катастрофи во поновата историја на Шпанија, а последиците се почувствуваа месеци подоцна, со илјадници раселени лица и голема материјална штета.

Да ве потсетиме дека кон крајот на април, Шпанија и Португалија беа погодени од голем прекин на електричната енергија, што го запре сообраќајот, болниците и аеродромите.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата