Штајнмаер: Европа мора да инвестира повеќе во производството за одбрана

8.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Штајнмаер: Европа мора да инвестира повеќе во производството за одбрана

-Мораме да инвестираме повеќе во одбранбената индустрија, рече Штајнмаер на прес-конференција со својот латвиски колега Едгарс Ринкевичс.

Тој додаде дека е потребна многу поблиска и подобра соработка во Европа во производството, а исто така и во набавката, со цел, како што рече, да се затворат празнините во воените капацитети.

Штајнмаер додаде дека руската инвазија на Украина покажа дека се потребни повеќе капацитети, вклучително и „овде во Балтикот“.

Ринкевичс рече дека Латвија бара начини да изгради производствени капацитети за одбранбена опрема и муниција.

Тој ги нарече односите меѓу Берлин и Рига „навистина одлични“.

-Латвија ја гледа Германија како важен сојузник на НАТО за обезбедување на безбедноста на Балтичкото Море и како партнер во ЕУ, рече Ринкевичс, истакнувајќи го стационирањето на германска оклопна бригада во соседна Литванија како поттик за регионалната безбедност.

Двајцата претседатели одржаа работен ручек со претставници на германски одбранбени компании.

Лидерите го посетија и Брауншвајг, корвета на германската морнарица закотвена во непосредна близина на претседателската палата во Рига.

Воениот брод учествува во мисијата на НАТО наречена „Балтичка стража“, која има за цел да ја подобри безбедноста во регионот на Балтичкото Море.

Пред пристигнувањето на Штајнмаер, Ринкевичс во интервју за ДПА рече дека верува оти желбата на Германија да преземе поголема одговорност во Европската Унија и НАТО е добра работа.

-Германија е европска голема сила и економски центар. Затоа, логично е Германија да преземе поголема улога во европската безбедносна и одбранбена политика. Ова е за поздравување, рече Ринкевичс.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата