Се заострува судирот меѓу Унгарија и Украина- протерани шпиони од украинската амбасада

9.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се заострува судирот меѓу Унгарија и Украина- протерани шпиони од украинската амбасада

„Денес протеравме двајца шпиони од Унгарија кои работеа под дипломатска прикритие во украинската амбасада во Унгарија“, објави Сијарто на својот Фејсбук профил.

Претходно денес, Службата за безбедност на Украина (СБУ) објави дека открила шпионска мрежа на унгарската воена разузнавачка служба во украинскиот Закарпатски регион, чија задача наводно била да собира податоци за воената безбедност на регионот, истражувајќи ги слабостите во копнената и воздушната одбрана, како и социо-политичките ставови на локалното население.

Сијарто ги негираше овие обвинувања.

„Би ги замолил сите да бидат претпазливи во врска со сите вакви извештаи што се појавуваат во украинската пропаганда. Доколку добиеме какви било детали или официјални информации, тогаш ќе разговараме за тоа. Дотогаш, морам да го класифицирам ова како пропаганда што мора да се третира со претпазливост“, рече Сијарто.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата