Руски воен суд го осуди поранешниот заменик-началник на Главната дирекција за иновативен развој на руското Министерство за одбрана, генерал Владимир Шестеров, на шест години затвор за проневера на повеќе од 270.000 евра за време на градежните работи во паркот „Патриот“.
На Шестеров му е одземен чинот генерал-мајор и му е изречена парична казна од 5.500 евра, објави Интерфакс.
Пресудата не е конечна и се очекува жалба.
Судот наложил враќање на 200.000 евра на Министерството за одбрана и 66.000 евра на паркот „Патриот“, во согласност со тужбата на тужителите.
Генералот Владимир Шестеров е прогласен за виновен за измама од особено голем обем и злоупотреба на службена должност.
Истрагата открила дека Шестеров, поранешниот заменик-министер за одбрана Павел Попов и директорот на паркот Вјачеслав Ахмедов внеле лажни податоци за градежните работи помеѓу 2022 и 2024 година.
Како резултат на тоа, имотот на осомничените во вредност од повеќе од 1.105.000 евра е запленет.
Кривичниот случај против Ахмедов е во тек, додека истрагата против Попов продолжува.