Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

26.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено до новинарскиот кор во врска со распоредот на Трамп за саботата.

Инцидентот се случува една недела откако Трамп, гласен критичар на она што тој го нарекува „медиуми за лажни вести“, им го укина пристапот до Белата куќа на Си-Ен-Ен, МС Нау и „Политико“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата