Двајцата ќе разговараат во луксузната владина резиденција „Чивенинг Хаус“ во Кент, југоисточно од Лондон, која традиционално ја користат британските министри за надворешни работи, се вели во соопштението.
Ванс и Лами ќе разговараат за „заедничките приоритети и стабилноста на односите меѓу Велика Британија и САД“, додаде Министерството за надворешни работи.
Американскиот потпретседател, неговата сопруга Уша и нивните три деца ќе престојуваат во „Чивенинг Хаус“ за „целосен викенд на приватна релаксација“, се додава во соопштението.
Британските медиуми веќе неколку недели пишуваат за плановите на Венс и неговото семејство за одмор во англиската природа, поточно во регионот Котсволдс во југозападна Англија. Посетата следува по патувањето на американскиот претседател Доналд Трамп во неговите два голф клуба во Шкотска кон крајот на јули.
Првично приватен, петдневниот престој на Трамп во Шкотска беше исполнет со дипломатска активност, особено склучувањето договор за царини со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Британскиот премиер Кир Стармер и неговата сопруга, исто така, отпатуваа во Шкотска за да се сретнат со Трамп.