По нападите, повторно проработеа погоните на „Шел“ во Катар

9.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По нападите, повторно проработеа погоните на „Шел“ во Катар

„Шел“ изјави дека овој потег ќе им овозможи да создадат ограничени залихи на производи, додека можноста за нивна испорака сè уште зависи од безбедносната состојба во регионот.

Енергетската компанија „КатарЕнерџи“, според трговците, започнала да нуди пратки на физичкиот пазар, вклучувајќи нафта од објектот „Перл-ГТЛ“, и продолжила со одредени договорени испораки. Така, производите од таа фабрика почнуваат да се враќаат на пазарот каде што понудата е ограничена.

Петтина од светските пратки минувале низ Ормускиот теснец

До почетокот на американско-израелската војна против Иран, околу 20 проценти од светските пратки на нафта и течен природен гас минувале низ Ормускиот теснец, потсетува „Ројтерс“. За време на војната, Техеран ја презеде контролата врз Хормуз и дозволи премин само на бродовите на група пријателски земји.

Во март, катарскиот гасен гигант QatarEnergy ги информираше клиентите дека поради оштетените објекти, нема да може да ги снабдува со течен гас според договорените услови. Потоа Иран ги нападна нафтените и гасните објекти во земјите од Персискиот Залив, вклучувајќи го и Катар, откако Израел го нападна гасното поле Јужен Парс во Иран.

Иранските напади уништија 17 проценти од капацитетот за извоз на течен природен гас во Катар, а нивното обновување може да трае од три до пет години, изјави тогаш шефот на QatarEnergy, Саад ал-Каби.

Неименувани извори запознаени со плановите изјавија за Ројтерс дека првата фабрика за течен природен гас во проектот за проширување на Северното поле Исток на QatarEnergy ќе биде подготвена да започне со работа во ноември. Ова треба да му овозможи на Катар да врати дел од изгубеното производство.

Поправките треба да бидат завршени до почетокот на следната година

Објектот Pearl, кој е во целосна сопственост на Shell, се снабдува со природен гас од Северното гасно поле во Катар и исто така беше оштетен во март. Ракетите оштетија еден од двата погони за преработка во Pearl GTL, кој со полн капацитет може да произведува 140.000 барели еквивалент на нафта дневно. Производството на Pearl е исто така дел од синџирот на снабдување со рафинерии на Shell, вклучувајќи го и бизнисот со мазива.

Поправките на оштетената фабрика за преработка на гас треба да бидат завршени во првиот квартал од следната година, изјави портпаролот на Shell. Во март, тие проценија дека ќе биде потребна една година за целосно поправање на Pearl. Shell забележува дека безбедното и сигурно работење на Pearl зависи од регионалната безбедност, вклучително и безбедното поминување на пратките низ Ормускиот теснец.

QatarEnergy објави тендер за продажба на нафта

Неколку трговци активни на пазарот изјавија дека QatarEnergy објавил тендер за продажба до 50.000 метрички тони од четири различни видови нафта на физичкиот пазар, вклучувајќи ја и онаа од Pearl GTL.

Продажбата се нуди со клаузула за транспорт FOB, односно бесплатно, од катарското пристаниште Рас Лафан, кое се наоѓа во рамките на Ормускиот теснец. Според таа клаузула, продавачот ја исполнува својата обврска кога ја испорачува стоката преку оградата на бродот во наведеното пристаниште за товарење.

Последниот тендер за продажба на нафта од страна на државната компанија, во кој учествуваше и Pearl GTL, беше склучен со попуст од 150 долари во споредба со пазарните цени на Блискиот Исток, исто така со клаузула FOB.

Катарската компанија продолжи да испорачува договорени количини нафта на индивидуални клиенти. Индиската „Халдија петрохемикалс“ ги доби своите 50.000 метрички тони закажани за овој квартал, изјави во понеделник претставник на компанијата. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата