Нетанјаху се чувствувал лошо по труењето во текот на ноќта, поради што бил прегледан од лекар во неговиот дом, се вели во соопштението.
Ќе работи од дома
Неговата состојба е стабилна и планира да продолжи да работи од дома по тридневен одмор. Израелскиот премиер Нетанјаху (75) досега неколку пати бил хоспитализиран.
Минатата година, тој бил подложен на операција на простата и хернија, а во 2023 година му бил вграден срцев пејсмејкер.