Според Одделот за спречување и ублажување на катастрофи на Тајланд, обилните дождови што започнале на 21 јули предизвикале поплави во 12 провинции, главно во северните и централните региони, објави денес телевизијата CNA од Сингапур.
„Внимателно го следиме влијанието на тропската бура Вифа и се координираме со погодените провинции за да им помогнеме на оние на кои им е потребна помош“, се вели во соопштението на агенцијата на својата официјална Фејсбук страница.
Метеоролошкиот оддел на Тајланд предвидува дека врнежите од дожд ќе се намалат во наредните денови.