Од пријавените случаи, 21 се случиле во Париз, објави Монд.
Полицијата досега привела 12 осомничени, а повици за напади врз жени претходно се појавија на социјалните мрежи, соопшти министерството. Некои жртви се хоспитализирани и се спроведени токсиколошки тестови. Сепак, сè уште не е познато што имало во шприцевите.
Некои од нападнатите жени се пожалиле на чувство на слабост и други симптоми. Четири лица осомничени за напад на околу 50 лица со шприцеви се уапсени во западниот француски град Ангулем, објави весникот, повикувајќи се на полициски извори.
Фестивалот Fête de la Musique традиционално носи богата музичка програма на јавни места, концертни сали и ресторани низ целата земја, а оваа година привлече особено голем број туристи, особено од Велика Британија. Фестивалот се одржува и во многу градови во Германија за да се одбележи почетокот на летото.
Немирите и насилството го засенија настанот
Настанот делумно беше обележан со инциденти поради високата жештина и присуството на голем број луѓе. Во Париз имаше судири меѓу младински групи, напади врз полицијата и уништување на имот.
Вкупно 371 лице се приведени низ целата земја, од кои 89 во Париз. Околу 1.500 посетители претрпеа претежно полесни повреди како резултат на инцидентите или од други причини, според Министерството за внатрешни работи.