Британскиот лидер го повика Израел да ги преиспита плановите за нова офанзива.
Стармер ги даде овие забелешки откако воениот кабинет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги одобри плановите за операција за заземање на градот Газа.
Британскиот премиер рече дека Израел треба да дејствува во насока на деескалација, а не да започне нова операција.
-Оваа акција нема да донесе крај на конфликтот ниту ќе помогне во ослободувањето на заложниците. Тоа само ќе доведе до поголемо крвопролевање, рече Стармер.
„Секој ден хуманитарната криза во Газа се влошува, а заложниците што ги држи Хамас се во ужасни и нехумани услови. Ни треба прекин на огнот, повеќе хуманитарна помош, ослободување на сите заложници што ги држи Хамас и преговарано решение. Хамас не може да има никаква улога во иднината на Газа и мора да се повлече оттаму и да се разоружа, повика британскиот лидер.