Кремљ шокиран од ненадејната смрт на поранешниот министер за транспорт Роман Старовоит

8.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кремљ шокиран од ненадејната смрт на поранешниот министер за транспорт Роман Старовоит

Старовоит беше пронајден мртов во својот автомобил надвор од Москва со прострелна рана, а главна хипотеза е дека самиот си го одзел животот, соопштија државните истражители.

Кога беше прашан за смртта на Старовоит, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Путин бил информиран за инцидентот и ја опиша веста како „трагична и тажна“.

-Не може а да не ги шокира обичните луѓе. Секако, и нас нè шокираше. Во тек е истрага што ќе одговори на сите прашања, рече Песков, одбивајќи да шпекулира за причината за смртта на Старовоит.

Во претседателскиот указ објавен вчера не е наведена причината за отпуштањето на Старовоит по нешто повеќе од една година на функцијата, иако политичките аналитичари се сомневаат дека отпуштањето е поврзано со истрагата за корупција во Курскиот регион, со кој тој некогаш управувал.

Ројтерс не можеше независно да ги потврди овие сомневања, но извор од транспортниот сектор, кој сакаше да остане анонимен поради чувствителноста на случајот, рече дека позицијата на Старовоит била доведена во прашање со месеци поради скандалот со корупција.

Истрагата се фокусира на тоа дали 19,4 милијарди рубљи (околу 210 милиони евра) што беа наменети за зајакнување на границите на Русија со Украина во Курската област во 2022 година биле правилно потрошени или дел од тие пари биле проневерени. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата