Кошта: Одлуката на Израел да ја преземе Газа ќе има последици врз односите со ЕУ

8.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кошта: Одлуката на Израел да ја преземе Газа ќе има последици врз односите со ЕУ

Тој додаде дека прашањето ќе се дискутира на ниво на Советот на ЕУ.

Во објава на мрежата X, Кошта ја повика израелската Влада да ја преиспита својата одлука.

„Таа одлука не само што го крши договорот со ЕУ, кој го објави високиот претставник на 19 јули, туку ги крши и основните принципи на меѓународното право и универзалните вредности“, наведе Кошта. 

Ситуацијата во Газа останува драматична, рече Кошта, додавајќи дека одлуката на израелската влада само ќе ја влоши.

„Решението со две држави останува единственото одржливо, долгорочно решение за мир и безбедност во Израел и регионот“.

Безбедносниот кабинет на Израел го одобри планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху - Израелските одбранбени сили (ИДФ) да ја преземат контролата врз градот Газа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата