Хорор во САД: Маж загина по излетување од ролекостер со брзина од 110 км/час- има и повредени (ВИДЕО)

13.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хорор во САД: Маж загина по излетување од ролекостер со брзина од 110 км/час- има и повредени (ВИДЕО)

Падот се случил на тобоганот Голијат, опишан како „хипертобоган“ бидејќи достигнува брзина до 110 км/ч и има висина од 60 метри, се наведува на веб-страницата Six Flegs, објави Хафингтон Пост.

Сведоците рекоа дека мажот некако бил „исфрлен од тобоганот“, по што удрил во различни делови од него.

Некои тврдат дека загинатиот маж бил со дете во тобоганот, но надлежните не соопштуваат ништо за тоа.

- Тој беше на нашите слики. Тој падна и удри во тобоганот три пати, рече еден сведок, додавајќи дека телото на мажот удрило други луѓе пред да слета на друга атракција подолу.

„Сикс Флегс“ го евакуирале ролекостерот и го затвориле паркот откако човекот паднал, а на едно од видеата се гледа како тобоганот застанал и посетителите на паркот излегуваат од скалите покрај оградата.

- Убаво си поминувавме и од тоа само почнавме да викаме: „О, Боже, што се случува? - изјави една жена сведок на падот.

Портпаролот на „Sixs Flags Park“ рече дека паркот и локалните власти веднаш реагирале и целосно соработуваат со истрагата.

- Длабоко сме тажни поради инцидентот со гостите во нашиот парк денеска - рече портпаролот.

Надлежните сè уште не потврдуваат како починало лицето, ниту што ги нанело повредите на останатите. Исто така, не е јасно што го предизвикало инцидентот. Детективите од Единицата за големи злосторства во округот Коб истражуваат.

Минатиот месец, Six Flags Magic Mountain во Јужна Калифорнија објави дека го пензионира својот познат тобоган X2 поради тужбите кои тврдат дека возењето предизвикало сериозни повреди на мозокот. Исто така, Six Flags неодамна ја финализираше тужбата за неправилна смрт поднесена од семејството на 22-годишен маж кој почина откако се возеше на тобоган во 2022 година, а уште три тужби за наводни трауматски повреди на мозокот беа поднесени минатата недела.

Минатата година, 32-годишен маж почина откако се возел на тобоган со голема брзина во забавниот парк „Епик Универзум“ на Universal во Флорида. Тој починал како последица на траума од тапа сила, а неговата смрт била прогласена за несреќен случај.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата