Хегсет: САД не се изненадени од ескалацијата меѓу Иран и Израел

14.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хегсет: САД не се изненадени од ескалацијата меѓу Иран и Израел

– Не би рекол дека сме изненадени од динамиката на оваа размена. Таа трае подолго време и внимателно ја следиме, изјави Хегсет, нагласувајќи дека САД се подготвени да ги заштитат своите интереси и персонал во регионот.

– Имаме сериозно присуство во регионот. Нашите бази и луѓе се добро обезбедени, додаде тој.

Хегсет нагласи дека и покрај напнатоста, постои прозорец за мир, со оглед на тоа што претседателот Доналд Трамп преферира дипломатско решение. – Претседателот продолжува да повикува на мир. Но, Израел направи што сметаше дека мора, и нападот првиот ден беше многу ефикасен, изјави тој за Фокс њуз.

Трамп претходно го повика Иран да „склучи договор пред да биде предоцна“, откако Израел изврши околу 200 напади врз нуклеарни постројки, научници и воени лидери.

Иран одговори со ракетен напад врз Израел, што доведе до ноќ исполнета со експлозии и разурнување во Тел Авив и Техеран.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата