Јапонија ги доби првите три борбени авиони „Ф-35 Б“, авионите пристигнаа во воздухопловната база Њутабару

7.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јапонија ги доби првите три борбени авиони „Ф-35 Б“, авионите пристигнаа во воздухопловната база Њутабару

Купувањето на американските ловци од страна на Токио е нов чекор за зајакнување на одбраната во услови на зголемена тензија во регионот, наведуваат агенциите.

Меѓу новите дополнувања се три од четирите „Ф-35 Б“, што се планира да бидат стационирани во воздухопловната база Њутабару во префектурата Мијазаки. Четвртиот ловец ќе пристигне подоцна, објавија Јапонските воздухопловни сили за самоодбрана.

Авионите, кои имаат функција за кратко полетување и вертикално слетување, ќе летаат од два јапонски носачи на хеликоптери - Изуму и Кага, кои беа модифицирани за да бидат компатибилни со ловците.

Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека уште четири борбени авиони „Ф-35 Б“ ќе бидат доставени до воздухопловната база Њутабару до крајот на март 2026 година.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата