Ескалира конфликтот на САД и Иран

20.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ескалира конфликтот на САД и Иран

Конфликтот меѓу САД и Иран добива нова, опасна димензија откако американската војска изврши серија воздушни напади врз цели во Иран како одговор на иранскиот ракетен и беспилотен напад врз американска база во Јордан, во кој загинаа најверојатно тројца американски војници а уште некокумина се повредени. Нападите беа извршени по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), операцијата имала за цел да ги ослабне иранските воени капацитети и да испрати јасна порака дека нападите врз американските сили нема да останат без одговор. Во соопштението се наведува дека загинатите војници биле погодени додека американските и сојузничките сили се бранеле од ирански балистички ракети и беспилотни летала.

Трамп по возобнувањето на војната истакна дека загинувањето на војниците е трагедија, но мисијата продолжува.

-Тие големи патриоти се бореа за да Иран нема нуклеарно оружје. Иран е многу тешко погоден и оштетен. Изгубија се што е воено. Ние го контролираме Теснецот, тие не контролираат ништо. И ќе видиме што ќе се случува. Удривме по нив ноќеска многу силно и тоа го сторивме во чест на најверојатно трите загинати војници, кои беа големи патриоти – изјави Трамп.

Од друга страна американскиот државен секретар Марко Рубио е со поблаг тон во однос на Трамп. Според Рубио и покрај се Техеран може да се врати на преговарачката маса доколку сака.

-Ние секогаш сме отворени за дипломатија. Иран мора да биде реален, дека мода да има договор, со кој тие ќе мораат да живеат. Иран пред една недела требаше да соопшти дека Ормунскиот Теснец ќе биде отворен и нема повеќе да напаѓаат бродови. И наместо да го прават тоа тие нападнаа три брода. Нивното поведение треба да се смени, ако сакаат и ние да го смениме – вели Рубио.

Во моментов нема извештаи од Иран за можни жртви или штети од нападите. Иранските државни медиуми изутринава објавија дека се слушнале експлозии во јужниот и северозападниот дел на Иран.

Новата ескалација на Блискиот Исток ги покачи цените на нафтата и тие нагло растат поради конфликтот меѓу САД и Иран, надминувајќи ја границата од 90 долари за барел од типот Брент, откако пропадна привремениот договор постигнат минатата недела.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата