Како што соопшти ерменското Министерство за одбрана, во вежбите ќе учествуваат припадници на мировната бригада на ерменските вооружени сили, армијата на САД во Европа и Африка, како и Националната гарда на Канзас, пренесува денес руски Интерфакс.
Вежбите ќе се фокусираат на обука и извршување мировни задачи, со посебен акцент на медицинска евакуација.
Целта на вежбите е да се подобри меѓусебната соработка меѓу единиците што учествуваат во меѓународни мировни мисии, да се разменат искуства во областа на управувањето и тактичката комуникација, како и да се зголеми борбената готовност на мировните сили на ерменските вооружени сили.
„Единиците што се подготвуваат за меѓународни мисии периодично учествуваат во заеднички вежби и обуки со земјите-партнери“, соопшти ерменското Министерство за одбрана.
Слични вежби за прв пат се одржаа во Ерменија во септември 2023 година.