Драматично предупредување на Бајден: Пријатели, мора да се соочиме со суровата вистина (ВИДЕО)

2.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Драматично предупредување на Бајден: Пријатели, мора да се соочиме со суровата вистина (ВИДЕО)

Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден изрази загриженост за нападите врз владеењето на правото и заканите врз граѓанските права под претседателот Доналд Трамп, нарекувајќи ги мрачни денови, според американскиот портал Политико.

Во разговорот пред Националната адвокатска комора во Чикаго во четврток, Бајден не го спомена Трамп по име, но беше јасно дека тој бил цел на неговите забелешки, кои траеле околу 20 минути, објави американскиот портал.

„Не можете да го засладите. Ова се мрачни денови“, им рече Бајден на речиси 1.100 членови на претежно афроамериканската правна организација.

Изјавите ги повторија некои од неговите претходни коментари за Трамп, прикажувајќи го како закана за демократијата и владеењето на правото, објави порталот.

„Според мене, ние сме во таков момент во американската историја, што се рефлектира во секоја сурова извршна акција, секое укинување на основните слободи, секој колапс на долгогодишните, воспоставени преседани“, рече тој.

Бајден, исто така, ја критикуваше администрацијата за обидот да ја „избрише вистината“ и го обвини Конгресот за „свртување на погледот“ и неможноста да ја ограничи моќта на извршната власт.

„Пријатели мои, мора да се соочиме со суровата вистина за оваа администрација, а тоа е дека нејзината цел е да поништи сè што постигнавме за време на мојата администрација“, рече Бајден.

Според него, таа ја брише историјата наместо да ја создава, ја брише праведноста, еднаквоста, самата правда, а тоа не е претерување, туку е факт.

Нарекувајќи ја администрацијата на Трамп „сурова“, Бајден посочи на „имигрантите кои се легално во земјата, а тие се одведуваат со лисици“.

Тој, исто така, ги критикуваше нападите на администрацијата врз адвокатските канцеларии и медиумите.

„Помеѓу спиењето на плажа и предавањето на претседателската функција преку автопен (автоматизиран потпис), Џо Бајден ги помина деновите гледајќи ги неговите помошници како го уништуваат нашиот Устав со автопен преку правни битки, напаѓајќи ја јужната граница и продавајќи ја нашата земја на остатокот од светот. Тој е последната личност што треба да зборува за тоа како се води оваа земја, со оглед на тоа што ја уништи“, рече портпаролот на Белата куќа, Харисон Филдс, како одговор на обраќањето на Бајден, објави Политико.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата