Бесент: Трамп ги користи тарифите како алатка за надворешна политика

8.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бесент: Трамп ги користи тарифите како алатка за надворешна политика

Американскиот претседател Доналд Трамп ги користи тарифите како алатка за надворешна политика, наметнувајќи секундарни тарифи на индиската стока поради купувањето руска нафта од страна на Индија, изјави синоќа американскиот министер за финансии Скот Бесент во интервју за „Фокс њуз“.

-Претседателот Трамп ги користи тарифите како алатка за надворешна политика, наметнувајќи секундарни тарифи на Индија поради нејзиното купување руска нафта, рече секретарот за финансии.

На прашањето дали САД би можеле да воведат дополнителни тарифи и на кинеските стоки поради купувањето руска нафта од страна на Пекинг, Бесант рече дека Трамп ги остава сите опции отворени за да ја запре војната во Украина и дека „тарифите за Кина би можеле да се дискутираат во одреден момент“. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата