„BBC“ открива протечени руски податоци: Околу половина милион руски војници загинале во Украина

25.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„BBC“ открива протечени руски податоци: Околу половина милион руски војници загинале во Украина

Протечените податоци од руската агенција за статистика РОССТАТ откриваат како целосната инвазија фундаментално ги променила моделите на смртност во Русија и ја покажуваат високата човечка цена на војната за која Путин претпоставуваше дека ќе трае само неколку дена, објавува Би-Би-Си.

 Медиумот имал пристап до 11,7 милиони записи за смртни случаи, наводно откриени по хакерски напад од белоруска и украинска група.

 Податоците покажуваат дека околу 116.000 загинале само во областа Покровск,  каде што се водеше една од најкрвави битки во војната.

 Записите на „РОССТАТ“ анализирани од „Гардијан“ покажуваат дека војната постојано станувала сè посмртоносна, достигнувајќи драматичен врв во пролетта лани, кога руската армија губела по 700 луѓе дневно..

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата