Армијата на Кувајт тврди дека ирански дронови погодиле два гранични пункта

24.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Армијата на Кувајт тврди дека ирански дронови погодиле два гранични пункта

- Утрово два гранични пункта на северната граница на Кувајт беа цел на чин на криминална агресија, извршен со два дрона натоварени со експлозив и лансирани од ирачка територија. Нападот предизвика материјална штета, но немаше жртви - објави кувајтската армијата на платформата Икс.

Кувајт вчера ги обнови летовите, првпат од 28 февруари, кога почнаа американско-израелските напади врз Иран. Но, меѓународниот аеродром и областа околу него беа нападнати неколку пати. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата