Американец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена жена

10.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена жена

Напаѓачот бил пронајден мртов по извршеното дело, пренесува „Њујорк пост“.

„Една од најстрашните сцени со кои сме се соочиле“ „Сакам да бидам целосно искрен со јавноста – ова е една од најтешките и најстрашните сцени со кои нашите полицајци и истражители се соочиле во своите кариери“, изјави началникот на полицијата во Ири, Рик Лора.

„Секоја загуба на живот е ужасна, а околностите што ги истражуваме се крајно вознемирувачки.“

Според извештајот на локалниот медиум „Erie News Now“, полицијата интервенирала околу 17 часот по пријава за пукање на улицата Пери. По пристигнувањето, полицајците ги пронашле телата на две жени пред куќата.

Осомничениот, вооружен со пиштол, се забарикадирал во куќата, што довело до ситуација на опсада во која биле вклучени специјални полициски единици. За време на операцијата се слушнале уште неколку истрели од куќата, што е потврдено и со снимки објавени од „Erie News Now“.

Напаѓачот, чиј идентитет сè уште не е објавен, бил пронајден мртов; се верува дека си го одзел животот. Девет загинати, вклучително и бремена жена Началник Лора ја потврди смртта на напаѓачот, но одби официјално да го соопшти вкупниот број на жртви. Медиумските извештаи наведуваат дека загинале девет лица.

Полицијата ги пронашла останатите жртви при претресот на куќата, а било потврдено дека една од убиените жени била бремена. Лора изјави дека, од почит кон жртвите, нема да открива детали во врска со самото место на злосторството. Мотивот за нападот останува непознат, како и врската помеѓу напаѓачот и жртвите.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата