Фудбалерите на Валенсија ремизираа со 2:2 на гостувањето кај екипата на Расинг Сантандер. Нашиот репрезентативец Столе Димитриевски го одигра целиот натпревар и имаше солиден настап на кој забележа дури 9 интервенции.
Валенсија рано го отвори натпреварот со голот на Раба во 2-та минута, но по половина час игра Забири го матираше Столе и донесе изедначување за својот тим. Расинг направи целосен пресврт со голот на Мартин во 47-та минута и стави дополнителен притисок врз екипата на „лилјаците“. Сепак, во 65-тата минута Оторби ја затресе мрежата на Агирезабала и го постави конечниот резултат.
Со ова реми Расинг се искачи на 15-тото место со 8 бода, а Валенсија ја продолжи лошата форма во домашното првенство и во моментов се наоѓа на 19-тото место со само 5 бода.

