Тоти пристигна во Истанбул, влегува во спортскиот сектор на Фенербахче?

9.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тоти пристигна во Истанбул, влегува во спортскиот сектор на Фенербахче?
фото: Gianmarco✍🏼 @GianmarcoDaria (X)

Легендарниот италијански фудбалер Франческо Тоти пристигна во Истанбул, а неговото име се поврзува со најавената реорганизација на Фенербахче, во која би можел да добие важна советничка улога во спортскиот сектор.

Според информациите на турските медиуми, Тоти бил пречекан од претставници на клубот, а се очекува да разговара со раководството за идните планови и составувањето на тимот. Засега нема официјална потврда за негово ангажирање.

Во оваа приказна се споменува и српскиот фудбалер Огњен Мимовиќ, чија иднина во Фенербахче е неизвесна. Десниот бек, кој во клубот пристигна од Црвена звезда во февруари 2025 година, досега не успеа да се наметне во првиот тим, а според претходните медиумски информации, турскиот клуб би можел да се раздели со него во зимскиот преоден рок.

Токму затоа се шпекулира дека Тоти би можел да има улога и во одлуките поврзани со играчкиот кадар, вклучително и статусот на Мимовиќ. Сепак, засега не е потврдено дека Италијанецот ќе одлучува за неговата иднина.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата