Тажна вест од Италија: Почина иконата на Интер и еден од најдобрите фудбалери во историјата на европскиот фудбал!(ФОТО)

19.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тажна вест од Италија: Почина иконата на Интер и еден од најдобрите фудбалери во историјата на европскиот фудбал!(ФОТО)
ФОТО:x.com/Inter

Тажна вест од Италија. Легендата на Интер, италијанскиот и европскиот фудбал, Сандро Мацола, почина на 84-годишна возраст, објави клубот од Милано во саботата. Мацола го носеше дресот на Интер во текот на целата своја 17-годишна сениорска кариера. За „нероаѕурите“ одигра дури 565 натпревари и постигна 158 гола, а со клубот освои четири титули во италијанското првенство и два трофеи во Купот на европските шампиони. Тој постигна голем успех и во италијанската репрезентација. Беше член на генерацијата што го освои Европското првенство во 1968 година, додека две години подоцна со „аѕурите“ стигна до финалето на Светското првенство во Мексико.

Интер се збогува со еден од најголемите играчи во историјата на клубот со емотивни зборови.

Сандро Мацола беше еден од најголемите фудбалери во историјата. Не само во историјата на Интер“.

Сандро Мацола имаше само шест години кога неговиот татко Валентин Мацола, капитенот на Торино и италијанската репрезентација, загина во авионска несреќа во Суперга во 1949 година. Целиот тим на Торино загина во трагедијата. И покрај семејната трагедија, Сандро израсна во еден од најважните италијански фудбалери на сите времиња.

Тој го имаше своето деби за првиот тим на Интер кога имаше само 18 години, против Јувентус. Сандро брзо стана еден од клучните играчи на Интер, особено блескаше во средината на шеесеттите години, кога клубот под водство на Хеленио Херера доминираше во европскиот фудбал. Мацола беше двоен стрелец во финалето на Купот на европските шампиони во 1964 година, кога Интер го победи Реал Мадрид со резултат од 3:1 и го освои најважниот европски клупски трофеј за прв пат во историјата. Една година подоцна, тој им помогна на „неразурите“ да ја одбранат титулата.

Тој го носеше дресот на Интер до 1977 година, кога ја заврши својата играчка кариера. После тоа, работеше како спортски директор, и во Интер и во Торино.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата