Сите му се смеат на Винисиус, еве зошто! (ВИДЕО)

23.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сите му се смеат на Винисиус, еве зошто! (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја забележа својата прва победа под водство на новиот тренер Чаби Алонсо во неделата, славејќи ја мексиканската Пачука со 3:1 во второто коло од Светското клупско првенство. “Крачевите“ на тој начин освоија три важни бода во борбата за нокаут фазата од натпреварувањето и ќе се обидат да го освојат првото место во последното коло од групната фаза против РБ Салцбург.

По овој меч сите му се смеат на бразилскиот ас Винисиус, на она што му се случи на мечот со мексиканскиот тим.

Социјалните мрежи просто “зовреа“. Имено Вини се обиде атрактивно да ја префрли топката преку противникот со петица, но по неуспешен дриблинг, се судри во противничкиот играч и падна на земја.

Несмасно од Вини во секој случај, погледнете…

ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата