Шпанија заслужено е најдобра во светот

20.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шпанија заслужено е најдобра во светот

Со финалниот дуел помеѓу Шпанија и Аргентина, во кој шпанците со победата од 1:0 ја обезбедија светската титула, заврши Мундијалот во САД, Мексико и Канада. Во сиот овој изминат период, СпортСпорт ви обезбеди стручна анализа од неколку искусни македонски фудбалски стратези, а честа и одговорноста да го прокоментира финалниот дуел му припадна на Горазд Михаилов.

Тој е убеден дека Шпанија е сосема легитимен освојувач на титулата, затоа што едноставно овааа репрезенатција на овој турнир одигра најдобро.

„Честитки за Шпанија. Мислам дека нема репрезентација која што позаслужено освоија светска титула. Тоа што се предвидуваше и многумина фудбалски но и спортски љубители, стручљаци го предвидоа се оствари. Мнигумина предвидуваа, им го дадоа епитетот на најголеми фаворити. Истото се оствари. Иако ете на самиот старт на турнирот и ремито во првото коло Шпанија и тоа како покажа дека е број еден.  Како минуваше шампионатот Шпанија едноставно „газеше“.

Им одржа лекција на до вчера актуелните светски шампиони. Меч кој што и не беше така спектакуларен, како што беше оној да речеме за третото место помеѓу Англија и Франција, но сепак, финале како финале, влогот е голем. Двете селекции влегоа со голем респект еден кон друг во овој дуел. Меѓу себе одлично се познаваат, играат во исти клубови, реално е да има огромен респект еден спрема друг. 

Уште на самиот меч, психологијата на шпанците дојде до израз. Сакаат да доминираат, сакаат да имаат посед на топка, по изгубена топка сакаат да извршат притисок, да ја повратат во свој посед. Тактички го прават тој притисок, го напаѓаат противникот веднаш и од кој што притисок тактички и обезбедуваат и шанса за постигнување на гол. За разлика од други репрезентации кои што тоа го прават пред се од дефанзивни причини, за да се спречи напад од противникот. Шпанците тоа го прават на сосем друг начин. Значи не само што вршат притисок, туку со тој притисок и произведуваат шанса за евентуален гол. Така беше од самиот старт. Уште во првите десет минути, каде што Јамал имаше ситуации за гол. Како одминуваше мечот, аргентинците беа доста стабилни во одбраната, стоеа доста цврста. Нивната филозифија се базираше врз тоа да по секоја освоена топка го бараат тој простор позади последната линија на Шпанија. Со втрчување на обете страни на Нико Гонзалес или на Додриго Де Пол, или конечно во шпицот Алварез. Меси за жал веројатно го одигра својот последен меч за репрезентацијата. Беше тотално изолиран на овој меч. Шпанците секогаш кога ќе примеше топка имаа директно човек на него. Го преземаа, му правеа ситни прекршоци, доволно за да се попречи неговата генијалност да проигра некого. Како што минуваше полувремето, Шпанија воспостави своја игра, продолжи исто така и во вториот дел.

Пех имаше Аргентина со повредите, и измените на Ромеро и Санчез, но сепак, тоа ништо не промени, се држеа до својата тактика. А истата велеше да се онеспособи противникот да дојде до шанса, и со прекин или контра да се загрози противничкиот гол. Шпанија тоа го осуети, на најперфектен начин, едноставно не дозволи до постигнувањето на голот да имаат или да упатат удар на аргентинците. Тоа го кажува и самата статистика. Значи говориме за удар, не за удар во рамии на гол или опасност. Од друга страна, со влегувањето на Торес од клупа да речеме, кој што беше опасност и на минатите мечеви, се чекаше момент само кога ќе реализира, ете тоа му успеа на најважниот меч. Успеа ете таа шанса да ја реализира, и да ја однесе својата репрезентација до титулата“ – вели Михаилов па додава.

Аргентинците едноставно разочараа

„Според мене Аргенцина тотално разочара. Не знам на што се должи оваа тактика на селекторот Скалони. Но, како и на претходните мечеви, бевме сведоци дека Аргентина се провлекуваше едноставно низ мечевите. Условно требаше да примат гол за да почнат да играат. Нешто слично се случи и во финалето. Шпанија поведе,  па Аргентина  во последните десетина минути, иако имаше играч помалку, оправдано според мене, Меси како тогаш да се разбуди. Имаа некакви полушанси, оној удар на Симеоне, но во секој случај премалку од една Аргентина, премалку од банителот на титулата, премалку за едно финале на Мундијаот.

Да резимираме. Шпанија доминираше во секој сегмент на фудбалската игра. Заслужено ќе кажам дека го освои Мундијалот. По ова финале, Меси најверојатно си заминува од репрезентацијата. И тоа како ќе недостасува. Штета што ете еден таков генијалец завршува со пораз во репрезентативниот дрес. Но сепак тоа го стори во финалето.  Мора да се запомни се што тој направил во изминатиот период. Тоа останува како дел од светската фудбалска историја. Меси е еден од оние за кои слободно можеме да кажеме дека ја променил фудбалската игра. Не случајно го споредуваат и е на самиот врв на тој пиедестал заедно со Пеле и Марадона“ – истакнува искусниот стратег.

Шпанија ќе доминира во иднина

„Како еден краток заклучок на сето ова може да констатирам дека Шпанија со оглед на квалитетот, фондот на играчи, младоста, дека ќе доминира во периодот кој што следува. Тука би ги вброил и Франција и Англија. Додека за Аргентина тешко може да се каже тоа. Таму неминовно доаѓа смена на генерации, но да се надеваме пак дека таму ќе се роди некој „нов Меси“ или „нов Марадона“,  па ќе мора да почекаат како што чекаа од 1986 па се до 2022 година за повторно да бидат Светски прваци“ – предвидува Михаилов.

Овој меч многу ме потсети на финалето 1990 година во Италија

„Мора да се потсетам и да кажам дека ова финале во голема мера ме присети на она финале од далечната 1990 година на Мундијалот во Италија, кога Германија во финалето ја победи Аргентина со 1:0 и тоа со гол од пенал. Слична тактика, поставеност, со еден Марадона во составот, Каниџа во шпицот, се чекаше тој момент, меѓутоа германците знаеа и тоа како да се снајдат во таа ситуација, и со голот на Андреас Бреме во 83. Минута успеаа да станат светски прваци“ –  поентира стратегот.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата