Се чека само потпис: Модриќ и следната сезона „црвено-црн“

21.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се чека само потпис: Модриќ и следната сезона „црвено-црн“
Фото: Милан Х

Лука Модриќ ќе продолжи во дресот на Милан и следната сезона. Искусниот хрватски играч од средниот ред постигнал договор со италијанскиот гигант за продолжување на соработката, па ќе остане на стадионот „Џузепе Меаца“ и по истекот на неговиот претходен договор.

Како што објави „Скај Спорт Италија“, челниците на Милан ги финализираат последните детали од преговорите, а Модриќ наскоро треба да потпише нов договор кој ќе важи до 30 јуни 2027 година.

Иако пристигна во клубот на 40-годишна возраст, Модриќ брзо покажа дека сè уште може да направи разлика на највисоко ниво. Во текот на својата прва сезона, тој одигра 34 натпревари, постигна два гола и запиша три асистенции, а неговите настапи ги воодушевија и навивачите на Милан и италијанската спортска јавност.

Неговата важност за тимот беше особено очигледна кон крајот на сезоната. Додека беше на теренот, Милан беше во трка за место во Лигата на шампионите, но по неговата повреда тимот испадна од зоната што водеше кон елитното европско натпреварување.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата