Расинг со гостинска победа кај Малага

7.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Расинг со гостинска победа кај Малага

Првиот дуел од денешната шпанска Примера донесе гостинска победа. Екипатан на Расинг Сантандер со конечни 1:2, тријмфираше кај Малага и со тоа извојува значајна победа пред репрезентативната пауза.

Дотор погоди за домаќинот во првиот дел, а потоа Расинг направи комплетен пресврт.

Луке и Забири во само десетина минути реализираа за 1:2, што подоцна ќе се покаже дека е и конечен резултат.

Дополнителен проблем за домаќинот беше и играчот помалку во 64. минута по исклучувањето на Азноуи.

Расинг е деветти со 14 поени, а Малага е последна и натаму.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата