Капитенот на Барселона Рафиња отворено проговори за изборот на „Златната топка“ и изјави дека смета дека е голема неправда што ниту тој ниту Педри не се меѓу 30-те номинирани играчи.
Во опширното интервју за шпанскиот RAC1, тој допре многу теми, од неговата иднина во клубот, до Ханси Флик, до Ламине Јамал и летниот преоден рок. Неговите изјави предизвикаа големо внимание во Шпанија.
Бразилецот игра во фантастична форма на стартот од новата сезона. Тој веќе постигна двоцифрен број на голови и е еден од најзаслужните за одличниот старт на каталонскиот гигант. И покрај ова, неговото име не се најде на листата на кандидати за најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот.
„Искрено, мислам дека е неправедно што ниту јас ниту Педри не сме меѓу кандидатите за Златната топка. Не велам дека моравме да ја освоиме наградата, но верувам дека заслуживме да бидеме во конкуренцијата“, изјави Рафиња.
Тој додаде дека пропустот не го скршил, туку дополнително го мотивирал.
„Секако дека се чувствува разочарување, но јас не можам да ги контролирам таквите одлуки. Можам само да продолжам да играм најдобро што знам и да покажам на теренот дека вредам.
Иако чувствува дека е оштетен, Рафиња нема дилеми околу неговиот фаворит за Златната топка.
“Ламине мора да ја освои оваа награда. Нема друга опција. Со сета почит кон останатите кандидати, тој е играчот кој покажа најмногу и заслужува признание”.
Тој имаше само пофални зборови за својот млад соиграч.
“Тој прави работи кои се неверојатни. Кога го гледате, ве потсетува на чувството што го носеше Роналдињо – станувате од столот и уживате во фудбалот”.
Реклами
Рафиња откри дека сериозно размислувал да ја напушти Барселона по Копа Америка, но се се променило со доаѓањето на Ханси Флик.
“Не бев сигурен дека останувам. Имав разговори со клубот и размислував за заминување, но Флик ме убеди дека ќе ми даде важна улога”.
Тој го опиша германскиот стручњак како тренер кој го извлекол најдоброто од него.
„Ми даде самодоверба од првиот ден. Ми ја смени позицијата на теренот, ми даде поголема слобода и чувствувам дека го играм најдобриот фудбал во кариерата.
Бразилецот истакна дека денеска е целосно фокусиран на Барселона и дека сака да продолжи да ја гради својата приказна на Камп Ноу.

