Реал Мадрид и турскиот играч од средниот ред Арда Ѓулер постигнаа договор за продолжување на соработката до јуни 2032 година.
Според трансфер-експертот Фабрицио Романо, сите услови се прифатени, а новиот договор ќе биде официјално објавен по завршувањето на формалностите. 21-годишниот Ѓулер претходно имаше договор со „кралевите“ до 2029 година, па новиот аранжман значи уште три сезони престој на „Бернабеу“.
Со ова, Реал го обезбеди идниот креативен играч и ги стави точка на шпекулациите за интерес од други големи клубови.

