Осасуна го отпушти Рамис и го врати Арасате на тренерското место

12.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Осасуна го отпушти Рамис и го врати Арасате на тренерското место

Осасуна го враќа Јагоба Арасате на тренерската позиција, откако раководството на клубот одлучи да ја прекине соработката со Луис Мигел Рамис. Шпанскиот стратег доби отказ по убедливиот пораз од Бетис со 5:2, а Арасате потпиша договор со клубот од Памплона до 30 јуни 2029 година.

Одлуката за смена доаѓа по серијата слаби резултати на Осасуна, која по осум одиграни натпревари во шпанската Ла Лига се наоѓа на 16-тото место со осум освоени бодови. Тимот загуби четири од последните пет средби, а во тој период прими дури 17 голови. Поразот од Бетис беше последниот удар за Рамис, кој ја презеде екипата во јули годинава.

Арасате се враќа во средина во која остави значаен белег. Тој ја предводеше Осасуна од 2018 до 2024 година, период во кој успеа да го врати клубот во Примера дивисион, а потоа да обезбеди пет последователни сезони во елитата.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата