Тимот на Манчестер Сити и номинално е лидер на Премиер лигата по синоќешната победа над тимот на Борнмут од 0:1, во рамките од 33. коло.
Халанд погоди уште во петтата минута и тоа беше доволно за три бода, кои шти Сити го поставија со 70 бодови на чело на табелата. Со ист број бодови е и тимот на Арсенал, но со полоша гол разлика.
Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола е свесен дека мора да се победат сите мечеви до крајот на шампионатот ако тимот сака да го подигне пехарот по последното коло.
„Неделниот натпревар беше толку тежок. Не е лесно да се игра повторно три дена подоцна, но во Премиер лигата мора да се прилагодите. Победата е главната цел, а со оглед на емоциите и енергијата што ги вложивме во натпреварот пред три дена, одигравме одличен натпревар“, додаде менаџерот на Сити, па додаде.
„Имавме шанси, но мора да ги добиваме натпреварите. Тоа е јасно. Немавме среќа во завршницата на акциите, а понекогаш заморот има влијание. Чувствував дека ако постигневме втор гол, тоа ќе го смиреше натпреварот и можевме да бидеме порелаксирани во последната третина“, објасни Пеп.
