Неверојатно: Трансферот на Салах во Бешикташ пропаѓа поради агентот!

20.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неверојатно: Трансферот на Салах во Бешикташ пропаѓа поради агентот!
ФОТО: Liverpool FC/FB

По се изгледа дека ништо од трансферот на “Фараонот“ во Турција. Пред два дена се појави информација дека најдобриот египетски фудбалер, Мохамед Салах, би можел да ја продолжи кариерата во Бешикташ, и сè одеше кон реализација на договорот, сè додека не се појави агентот на играчот, барајќи лична провизија од дури 35% од трансферот.
Оваа информација ја сподели првиот човек на Бешикташ, Сердал Адали, нагласувајќи дека оваа бројка е неприфатлива за истанбулскиот клуб и дека се заканува да го загрози веќе договорениот трансфер на Египќанецот.
„Мохамед Салах лично се сретна и со Винченцо Италијано и со нашиот спортски директор и го одобри трансферот. Сепак, штом веста дека трансферот е завршен се појави во печатот, неговиот агент ги зголеми финансиските барања, зголемувајќи ја неговата провизија на неверојатни 35%“, рече Адали.
Потоа тој нагласи дека ова би можело да го загрози трансферот што беше на дофат на реализација.
„Од наша гледна точка, таков процент е неприфатлив под никакви околности. Не мислиме дека дури ни Салах е свесен за овие бројки“, рече Адали.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата