Неверојатно: Курасао ги распродаде сите дресови!

9.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неверојатно: Курасао ги распродаде сите дресови!
ФОТО:.facebook.com/Federashonfutbolkorsou/

Курасао и дефинитивно стана глобален хит откако се квалификуваше на Светското првенство за прв пат во историјата.
Оваа интересна карипска земја, која има само 150.000 жители, брзо стана глобален хит благодарение на социјалните мрежи. Очигледно се прелеа од виртуелниот во реалниот живот, бидејќи успеаја да ги продадат сите произведени дресови на нивната репрезентација, објави нивниот технички спонзор „Адидас“. Особено нивниот резервен дрес, во жолта пастелна боја, чија серија беше исто така распродадена, привлече внимание.
Се нагласува дека овој дрес наликува на винтиџ изданија од некои Светски првенства од 80-тите години на минатиот век.
Курасао ќе се натпреварува во Групата Е на Светското првенство заедно со селекциите на Германија, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата