Некогашниот селектор на Романија, Едвард Јорданеску е нов менаџер на екипата на Ватфорд во Чемпионшип дивизијата.
Тимот кој што се оидува да се врати во Премиер лигата, го менува Алесио Диониси кој што немаше резултати според очекуваното и откако забележа седум порази во последните десет мечеви.
„Многу сум горд и среќен што сум во овој фудбалски клуб. Гледам дека тимот минува низ тежок период, но веќе изгледав многу натпревари во текот на изминатите неколку дена и сум голем оптимист за иднината“, изјави Јорданеску за веб-страницата на клубот.
Само како информација, Јорданеску е шести менаџер на тимот во последните 18 месеци…

