Мбапе се врати на тренинзите на Реал Мадрид

23.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мбапе се врати на тренинзите на Реал Мадрид

Добри вести од таборот на Реал Мадрид. Килијан Мбапе по периодот минат во болница, и здравствените проблеми кои му се појавија за време на престојот во САД, повторно е на тренинг.

Јавноста остана шокирана откако од таборот на Реал Мадрид, за време на Светското клупско првенство во САД беше објавено дека Мбапе е хоспиталисиран поради проблеми со стомакот.

Сепак, истите беа навреме санирани, Мбапе и не беше реално во некаква опасност, но сепак, мораше да го мине процесот на лекување, па од денеска и официјално е повторно на тренинг.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата