Манчестер Сити поднесе жалба: Не сме виновни!!!

2.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Манчестер Сити поднесе жалба: Не сме виновни!!!

Манчестер Сити на клупско ниво денеска и официјално потврди дека е поднесена жалба по повод одлуката на независната комисија со кој што овој субјект е прогласен за виновен за кршење на финансискиот фер плеј, пренесуваат британските медиуми.

Клубот во соопштението посочува дека има јасни аномалии во правото, фактите и принципите во целиот случај и дека одлуката по истите не е правно издржана.

Од „Етихад“ повторуваат дека не сносат вина и наведуваат дека, во текот на постапката, доставиле „сеопфатен сет на неоспорни докази“ за да го поткрепи својот став.

Фудбалската асоцијација (ФА) изјави дека пресудата има „значајни импликации за интегритетот на играта“, при што истакна дека внимателно ја разгледува одлуката и нејзините можни последици.

„Бидејќи постапката меѓу Премиер лигата и Манчестер Сити е во тек, во овој момент нема дополнително да го коментираме случајот. Сепак, ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата“, се наведува во соопштението на ФА.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата