Лудница во Дортмунд: Ништо, ништо, па четири гола во финишот и шок за домаќините!

9.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лудница во Дортмунд: Ништо, ништо, па четири гола во финишот и шок за домаќините!
Фото: Борусија Дортмунд/Фејсбук

Борусија Дортмунд ремизираше во петтото коло од новата сезона во германската Бундеслига. Тимот на Нико Ковач на домашен терен имаше предност од 2:0 до 88. минута, но на крајот натпреварот заврши без победник, 2:2. Борусија долго се мачеше да ја скрши одбраната на Вердер Бремен, иако создаваше добри шанси.

Првиот гол падна дури во 80. минута, кога погоди Даниел Свенсон. На 2:0 зголеми стоперот Нико Шлотербек во 85. минута, па се чинеше дека домаќините сигурно ќе стигнат до трите бода.

Сепак, гостите не се предадоа. Лудовит Рајс намали на 2:1 во 88. минута, а Никлас Филкруг во 92. минута донесе шокантно израмнување за Вердер.

За Борусија Дортмунд ова беше првиот натпревар сезонава во кој не успеа да победи. На претходните четири кола тимот на Ковач имаше максимален ефект.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата