Лудило во Буенос Аирес: Улиците преполни пред последниот меч на Меси во дресот на Аргентина (ВИДЕО)

6.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лудило во Буенос Аирес: Улиците преполни пред последниот меч на Меси во дресот на Аргентина (ВИДЕО)

Лионел Меси вечерва ќе го одигра последниот натпревар во дресот на аргентинската репрезентација. На „Монументал“ во Буенос Аирес, Аргентина ќе се соочи со Бенин во пријателски натпревар посветен на легендарниот капитен.

Само неколку часа пред мечот, улиците низ Аргентина се преполни со навивачи кои сакаат да бидат дел од историскиот момент. Меси досега има 207 настапи за Аргентина, на кои постигна 125 гола. Доколку настапи против Бенин, тоа ќе биде неговиот 208. и последен натпревар за националниот тим.

Опростувањето се очекува да биде исклучително емотивно, со илјадници навивачи подготвени последен пат да го поздрават својот најголем фудбалски херој.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата