Португалија – Данска 1:4 е исходот од вечерашниот меч во А Лигата на Нации кој се одигра во Брага. Неверојатен резултат, невидена бламажа на Португалците на стартот на новата ера без Роналдо. А пред почетокот на мечот, па и во таа 7.минута се беше во знакот на иконата на португалскиот фудбал. Фановите и самите негови довчерашни соиграчи му приредија голаме чест откако Кристијано пред две недели објави дека става крај на репрезентативната кариера.
И тогаш почна данскиот танц. Хојбјерг од пенал во 43.минута донесе водство од 0:1. Следуваа два гола на Хојлунд во 50. и 57.минута за 0:3, а Андерсен во 75.минута зголеми на неверојатни 0:4.
Силва во самиот финиш на мечот успеа да го ублажи поразот за конечни 1:4.
На останатите мечеви во Б Лигата на Нации постигнати беа следните резултати:
Австрија – Р.Ирска 1:0, Романија – Полска 2:1, С.Ирска – Украина 2:1 и Шведска – БиХ 3:2.

