Досегашниот дефанзивец на тимот на Интер, Давиде Фратези и официјално е дел од екипата на Лацио.
Фратези всушност заминува на позајмица со задолжитежна опција за откуп на тимот на Лацио и тоа првично беше и пречката поставена од страна на Серија А. Сепак, административните проблеми беа бргу решени меѓу двата тима, и Фратези се пресели во Рим.
Фратези инаку во Интер пристигна пред три години од Сасуоло во трансфер вреден 35 милиони. Имаше голема минутажа и одигра преку 150 мечеви за Интер.

