Клоп бара смена на Инфантино: Мислев дека од Блатер не постои полошо

16.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Клоп бара смена на Инфантино: Мислев дека од Блатер не постои полошо

Германската фудбалска репрезентација утре ќе има можност на дуелот од последното коло во Лигата на нации против Холандија, во Берлин, да обезбеди пласман во четвртфиналето на ова натпреварување.

И покрај тоа што избраниците на Јирген Клоп ги очекуваат клучни 90 минути, селекторот на „панцирите“ на прес-конференцијата отвори сосема друга тема, поврзана со иднината на ФИФА.

Самото споменување на оваа организација веднаш асоцира на нејзиниот прв човек Џани Инфантино, за кого Клоп своевремено верувал дека ќе биде подобар од неговиот претходник Сеп Блатер.

„Во последно време не ја следев премногу таа тема, но го гледав Светското првенство, а фудбалот го следам веќе многу години. Има луѓе кои знаат многу повеќе од мене за ова прашање. На крајот на краиштата, јас од вас, новинарите, го гледам само конечниот производ.

Сепак, верувам дека сега постои широк консензус дека промената на самиот врв би била сосема логична. Мислевме дека по Сеп Блатер работите не можат да станат полоши, но некој сепак успеа да го постигне тоа. Доколку Инфантино си замине, би било одлично неговиот наследник да се покаже подобро, бидејќи верувам дека сигурно може да биде подобро“, изјави Клоп на прес-конференцијата пред дуелот со Холандија.

Фудбалските федерации ќе имаат можност самите да одлучуваат за тоа на 18 март 2027 година, кога ќе се одржат новите избори за претседател на ФИФА. Кандидатурите можат да се поднесуваат до 18 ноември, а рокот истекува веќе оваа среда. 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата